За СЕЕМО:

Медиумската организација на Југоисточна Европа, (СЕЕМО) е регионална, невладина, непрофитна мрежа на уредници, медиумски уредници и новинари од водечките весници, списанија, радио и телевизиски станици, новински агенции и нови медиуми во Јужна, Источна и Централна Европа. Преку комисиите кои се во рамките на СЕЕМО, се има за цел да се создаде мост меѓу меѓународните медиумски активности и развојот на медиумите во регионот. СЕЕМО е мрежа која вклучува национални и локални комисии во регионот, вклучувајќи ја и посебната проектна канцеларија на СЕЕМО во Белград, како и во Виена СЕЕМО-ИПИ и СЕЕМО-SECEMO.


СЕЕМО е основана во октомври 2000 година во Загреб, Хрватска, од страна на група водечки главни уредници, директори на разни медиуми и професори по новинарство од Јужна, Источна и Централна Европа, во присуство на претставници на меѓународните институции. Една од главните активности на СЕЕМО е заштита на слободата на печатот преку помагање на новинари и медиуми во Јужна, Источна и Централна Европа. Над 60 проценти од соопштенијата на СЕЕМО во форма на протест на политиките на владите и кон други официјални лица имале позитивни резултати во минатото. Секое соопштение на СЕЕМО се дистрибуира до водечки регионални и меѓународни медиуми, национални и меѓународни владини и невладини организации, политичари, како и до јавни личности и институции. Во минатото, СЕЕМО обезбеди директна помош за новинарите во регионот, како набавка на техничка опрема, финансиска помош и друга видови на помош.


СЕЕМО, исто така, обезбеди неопходната помош за новинарите кои добиваа смртни закани или новинарите кои беа физички нападнати. СЕЕМО има над 1500 членови и тоа главни уредници, директори на медиуми, сопственици на медиуми, медиумски експерти, професори за медиуми и комуникација и водечки новинари од Јужна, Источна и Централна Европа. Освен индивидуални членови, во СЕЕМО членуваат медиуми и институции како корпоративни членови.


СЕЕМО ја следи слободата на печатот во Јужна, Источна и Централна Европа и реагира на заканите и нападите врз новинарите и медиумите преку испраќање протестни писма до владите, меѓувладините организации, но исто така и до компаниите, религиозните организации или некои политички или други групи. СЕЕМО спроведува мисии за слободата на печатот во земји каде слободата на медиумите е под закана, кои подразбираат средби со владини претставници, дипломати, новинари и невладини организации, како и овозможување на правно застапување и поддршка во судски случаи.


СЕЕМО организира редовни мисии за слободата на печатот во сите земји што ги покрива. Помеѓу јануари 2001 година и декември 2014 година, СЕЕМО има вклучено над 16.000 главни уредници, медиумски уредници, водечки новинари и јавни личности од регионот на разни состаноци. Некои од годишните настани кои се организирани од страна на СЕЕМО се на Форум на Медиумската организација на Југоисточна (SEEMF), Комисијата за медиумска политика, Медиумски денови во Истанбул и денови на истражувачко новинарство. Сестрински организации на СЕЕМО се Меѓународната академија - Меѓународниот медиумски центар (IA-МОС), Меѓународната академија (IA), Меѓународниот медиумски центар - Словенија (МОС-SLO), Организација за односи со јавност на Југоисточна и Централна Европа (SECEPRO) и SECEMO.


СЕЕМО активно соработува со меѓународните, регионалните и националните владини и невладини организации, фондации, организации, медиуми, новинарски здруженија, синдикати и институции. Помагањето на новинарите значи и продолжување на нивното образование. СЕЕМО ги поддржува во различни проекти младите новинари и студенти на медиумите и комуникација. Од 2001 година повеќе од 50 работилници и семинари беа организирани за истражувачките новинари и претставниците на малцинствата и за теми од областа на разновидност на медиумите. Од 2004 година, СЕЕМО го објавува „De Scripto“, медиумско списание за Јужна, Источна и Централна Европа. СЕЕМО, исто така, го објавува медиумскиот прирачник на Јужна, Источна и Централна Европа. СЕЕМО доделува и неколку награди годишно, вклучувајќи ја и „Д-р Ерхард Бусек наградата за подобро разбирање“ – што ги чествува новинари во Јужна, Источна и Централна Европа, со чија работа се промовира подобро разбирање меѓу народите во регионот и со која се зајакнуваат напорите за ставање на крај на етничките поделби, расизмот и ксенофобијата, ЦЕИ-СЕЕМО наградата за истражувачко новинарство и СЕЕМО наградата за човекови права.


Контакт: info@seemo.org, www.seemo.org
Генерален секретар на СЕЕМО Оливер Вујовиќ


Цитати за СЕЕМО:


"Ништо и никој не е совршен. Ова исто така важи и за медиумите во Југоисточна Европа. Досега, СЕЕМО изрази бројни грижи за начинот на кој новинарите и медиумите се третираат во јавноста, во рамките на политичката сцена и кога станува збор за безбедноста за новинарите. Во Европа, заедничка одговорност е да ја гарантираме слободата на изразување ".
Ерхард Бусек, Претседател на Институтот за регионот на Дунав и Централна Европа, Виена, Австрија и координатор на Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа (СЕКИ).


"Би сакал со ова да ја поддржам работата на меѓународната невладина организација СЕЕМО, во која членуваат уредници, издавачи, медиуми, како и водечки новинари од Јужна и Источна Европа повеќе години. Земајќи во предвид дека еден од приоритетите на мојот претседателски мандат е помирување на земјите од регионот, воспоставување на соработка во различни области, како и развојот на пријателските односи меѓу нашите народи, ние се стремиме кон истите цели. "
Иво Јосиповиќ, поранешниот претседател на Хрватска, Загреб, Хрватска


"Главните задачи на СЕЕМО отсекогаш биле борбата за слобода на печатот и борба против корупцијата, како и изградба на мрежа на претставници на медиумите од регионот со организации на меѓународно ниво. СЕЕМО денес е почитувана од страна на медиумските компании и сопствениците на медиумите, новинарите, но исто така и од сите други важни играчи во општеството, вклучувајќи ги и водечките политички претставници и меѓународните организации. "
Михаел Шпинделегер, поранешен заменик-канцелар и министер за надворешни работи на Република Австрија, Виена, Австрија


"Улогата на СЕЕМО во заштита, поддршка и насочување на новинарите во Јужна, Источна и Централна Европа е од суштинско значење."
Марина Константиону, уредник и одговорен уредник, „Jurnalul Nacional“, Букурешт, Романија


"Реакциите и поддршката од СЕЕМО беа многу значајни за мене, не само во морална смисла, но тие, исто така, придонесоа за побрзи реакции од страна на државните институции. Овој тип на притисок од меѓународните организации кон хрватските власти е многу важно, бидејќи со тоа се покажува дека случајот е проследен надвор од Хрватска."
Драго Хедл, новинар, „Јутарњи лист“, Загреб - Осиек и автор, Хрватска


"Јас имав поддршка од СЕЕМО уште од самиот почеток, кога се обрати на јавноста со писма до Воислав Коштуница и Драган Јоциќ, премиерот и министерот за внатрешни работи на Србија во тоа време. СЕЕМО е голем извор на поддршка, помош и утеха која ми беше потребна во времето на моите напади. Голема благодарност до СЕЕМО и до сите колеги кои се дел од организацијата. "
Владимир Митриќ, дописник, „Вечерње новости“, Лозница, Србија


"Не можам да ја преувеличувам важноста на поддршката од (СЕЕМО). Видливоста - домашна и меѓународна – на случај како мојот е навистина многу важна."
Анушка Делиќ, истражувачки новинар, „Дело“, Љубљана, Словенија


"За мене СЕЕМО беше многу важна организација која ми овозможи подобрување на мојот понатамошен професионален развој за бројни значајни предмети. СЕЕМО е платформа која ми овозможи поврзување со колегите од целиот регион, размена на искуства и знаења со другите; добив помош кога ми беше најпотребна, кога се разболев, но исто така, и поддршка во работата за време на изолација и притисок во моето опкружување во период кога беше најинтензивен и најопасен. "
Есад Хеџимовиџ, уредник, ОБН ТВ, Сараево, Босна и Херцеговина


"Големата поддршка која ја добив од сите релевантни меѓународни организации кои се занимаваат со медиумските права и слобода значеше многу како притисок врз режимот да се воздржат од повеќе радикални потези но и да почне истрагата кон сторителите. Меѓу нив беа и реакциите на СЕЕМО, кои подоцна редовно го следеа и известуваа за мојот случај. "
Жељко Ивановиќ, основач и издавач на весникот Вијести во Подгорица, Црна Гора

SEEMO Missions, Visits and Meetings

Media on map

Close Video

17 YEARS SEEMO - A CULTURE OF DIALOGUE FOR PRESS FREEDOM